(Видео) Мајмуни го преземаа тајландскиот град Лопбури

Жителите на туристичкиот град Лопбури во Тајланд веќе подолго време живеат со видот мајмун макаки, откако преземаа напуштено локално кино и го претворија во свој дом. Првите проблеми настанаа откако мајмуните станаа зависни од слатки, пренесува Мирор.

Градот се наоѓа на oколу 150 километри од Бангкок а поради различноста на населението привлекува голем број туристи кои сакаат од прва рака да го видат „градот на мајмуните“.

„Исплашен сум. Дивеат и крадат. Тоа не се нормални мајмуни“, вели еден од жителите.

Граѓаните сега можат секојдневно да ги гледаат судирите на различни „банди“ составени од мајмуни. Во видеото подоле може да се видат стотици мајмуни како се забавуваат, притоа крадејќи ги приватните работи на жителите.

 

Scroll to Top