Актерката Роуз Лесли отворено во јавноста зборува за периодот низ кој таа поминала додека нејзиниот сопруг се лечел од алкохолизам.
Актерката од серијата „Игра на Тронови“ зборува за зависноста на нејзиниот сопруг Кит Хрингтон на кој многу му помогнал рехабилитациониот центар за зависници кој му обезбедил простор за да искаже како се чувстува. Таа вели дека научила многу за зависноста, но ќе остави на него да одлучи дали повторно ќе пие, бидејќи никој не може да го спречи тоа што тој наумил да го прави, стои во интимната исповед на Лесли која јавноста ќе може да ја прочита во јунското издание на Харпер базар.
„Тоа е нешто за кое Кит засекогаш ќе биде свесен, но на него зависи дали повторно ќе пие“, рече Лесли.
Кит Харингтон беше зависник од алкохол од 2019 година и за прв пат истата година проговори во јавноста проговори во интервју за Сандеј Тајмс, како поминувал низ ужасни моменти за време на снимањето на „Игра на Тронови“. Тој истата година побарал помош за лекување во установа за зависници.
„Се чувствувате како да сте лоша личност, се срамите. И чувствувате дека нема излез, но тоа сум јас. Не, можам да се сменам“, изјавил Харингтон.
Серијата „Игра на Тронови“ се снимаше скоро 10 години, а на Кит Харингтон како Џон Сноу му донесе светска слава. Роуз Лесли и Кит Харингтон започнаа да се забавуваат за време на снимањето на серијата, каде Лесли ја имаше улогата на Ингрит. Тие се венчаа во 2018 година во Шкотска.