Почина актерката Вирџинија Патон од „Прекрасен живот“

Актерката Вирџинија Патон Мос почина во четвртокот на 98 години. Тажната вест ја објави нејзината колешка и пријателка Керолин Зузу Гримес.

„Имаме уште еден ангел. Вирџинија Патон Мос. Таа е сега со својот сакан Крус. Ќе ни недостигаш“, рече Керолин.

Вирџинија е позната по глумата во филмот „Прекрасен живот“ во режија на Френк Капра во 1946 година. Jа играше Рут Дејкин Бејли, снаата на главниот јунак Џорџ Бејли, кој, пак, го играше Џејмс Стјуарт.

Последната улога ѝ беше во комедијата The Lucky Stiff во 1949 година заедно со Дороти Ламур, Брајан Донлеви и Клер Тревор.

Таа година се омажи за Круз и се пресели во Мичиген каде ја започна кариерата како бизнисменка. Во бракот имаа три деца.

Scroll to Top