Ким Кардашјан ја победи Хилари Клинтон во квиз по право

Реалната ѕвезда Ким Кардашјан ја победи Хилари Клинтон во квизот Gutsy која поранешната државна секретарка го води заедно со ќерка ѝ Челзи. Во квизот беа поставувани прашања по право. И двете имаат завршено право, но подобра беше Ким, пренесе People.

Емисијата ќе биде објавена следниот месец на Apple TV. И двете беа прашувани за сè и сешто во врска со правото. Од употребата на смртоносна сила и вооружени грабежи, до тоа до каде е дозволена самоодбрана. На крајот резултатот беше 11:4 за Кардашијан.

„Мислам дека Ким имаше неправедна предност“, рече Челзи и објасни дека тоа е затоа што Ким неодамна студирала и положила baby bar, испит за студенти по право од прва година.

Тој испит е задолжителен за сите идни адвокати во Калифорнија кои не полагале за акредитирани високошколски установи. Од друга страна Клинтон со години не практикувала право.

„Беше разочарувачки“, рече Хилари во едно интервју по поразот.


„Не ја интервјуиравме за модата и нејзиниот личен живот. Ја интервјуиравме за тоа што работела и како им помогнала на луѓето кои неправедно се затворени и кои имаат можност да добијат уште една шанса“, рече Хилари.

За потсетување, Ким во 2018 година почна да се залага за ослободување на Алис Мари Џонсон, која беше осудена на доживотен затвор поради обвиненијата за поседување дрога. Ким се состана и со тогашниот претседател Доналд Трамп со кого разговараше за нејзиниот случај.

Подоцна Алис беше ослободена по 21 година поминати во затвор.

Scroll to Top