Ако си толку добар продуцент зошто од ќерка ти не направи ѕвезда: Цеца се скара со Босанац во „Гранд“

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ и композиторот Драган Стојковиќ – Босанац се скараа во „Ѕвездите на Гранд“. Откако Цеца рече дека не сака да биде ментор на натпреварувачката Сања, Босанац ја зеде кај него, со коментар дека му се допаднало како пее, а дека Цеца нема поим.

„Значи, ако си толку добар продуцент, зошто твојата ќерка не ја направи ѕвезда?“, го праша Цеца Босанац.

„Мојата ќерка немаше соодветен спонзор и моментално завршува факултет“, ѝ одговори композиторот.

Босанац и Цеца неколку пати се скараа во емисијата. Претходно Босанац рече дека Марија Шерифовиќ е пејачиште, а Цеца е само популарна пејачка, чија популарност е дискутабилна.

(Видео) Марија Шерифовиќ е пејачиште, а Цеца е само популарна пејачка: Босанац ја навреди фолк-ѕвездата

Scroll to Top