„Ако возев помал автомобил немаше да преживеам“ – Дарко Филиповиќ по сообраќајката

Српскиот пејач Дарко Филиповиќ, кој пред три дена имаше сообраќајна несреќа во Белград, вели дека преживеал само затоа што возел голем и стабилен автомобил. Автомобилот што го возел, од марката „бе-ем-ве“, по сообраќајката е целосно уништен.

„Ја избегнав смртта за влакно, буквално ја гледав во очи, беше страшно“, рекол пејачот што се прослави со „Ѕвездите на Гранд“ за српските медиуми.

Тој раскажал дека не бил виновен и дека другиот шофер возел многу брзо во населено место, поради што не го видел кога поминувал.

„Кога ме удри, мојат автомобил се изврте 360 степени, не знаев што ме снајде. Да бев во некој друг автомобил, од мене немаше ништо да остане“, вели Филиповиќ.

Тој раскажал дека бил веднаш пренесен во болница и дека таму поминал цели пет часа. Возачот на другиот автомобил, кој е виновен за сообраќајката, поминал со два конца на главата.

„Го возев автомобилот на сопругата, а сега не знам каде е бидејќи го зедоа од шлеп-службата. Според  моја проценка, штетата на автомобилот е тотална и може да го фрлиме“, вели тој.

Дарко Филиповиќ од „Гранд“ повреден во сообраќајка

Scroll to Top