Алексиќ ги снимал жртвите, им кажувал дека така се вежбаат еротски сцени

Деновиве јавноста беше згрозена од скандалот во Србија, во кој младата Хрватска актерка, Милена Радуловиќ го обвини својот професор по глума Мирослав Алексиќ за силување. Од тоа што го пренесуваат некои од српските медиуми, таа не била единствената негова жртва.

Повеќе од триесетина жени и девојки го обвинија српскиот режисер и учител по глума, а на полицијата и кажале дека тој ги затворал во канцеларија и ги снимал. Насилниот чин им велел дека е вежба за снимање на еротски сцени, без кои не можеле да се пробијат во светот на филмот.

„Сведоштвата на тие девојки, кои сите биле малолетни во времето кога се злоставувани и силувани, ги шокираа инспекторите. Исказите на девојките се речиси идентични, што укажува на тоа дека Алексиќ го користел истите методи за да манипулира со ученичките и ги терал на секс и блудни дејствија. Тие раскажуваат дека Мика ги заклучувал во својата канцеларија, во која
имало камера и монитор. Професорот потоа им наредувал да се соблечат голи и ги убедувал дека ќе ги научи на посебни вештини во снимањето на еротски сцени, за нивните тела на екранот да изгледаат како уметнички дела,“ вели извор од истрагата за српскиот сајт „Информер“.

Според изворот, Алексиќ ги поставувал девојките пред камерата, па им објаснувал од кој агол да ги снимаат градите, притоа допирајќи ги. „Алексиќ ги бакнувал и ги лижел по телото, цело време убедувајќи ги ученичките да се фокусираат на кадарот и на камерата. Со таквата манипулација всушност им го оттргнувал вниманието и некои од нив не биле ни свесни дека биле злоупотребени и сексуално злоставувани. Тие биле убедени дека професорот им ги открива тајните на актерскиот занает,“ вели изворот и додава дека Алексиќ, според она што може да се заклучи, не ги чувал  снимките.

Алексиќ ги терал да се гледаат на екран додека ги силувал, убедувајќи ги дека на тој начин го вежбаат кадарот. Кога ќе завршел, имал своевиден ритуал во кој ги „благословувал“ жртвите.

„Сега се соединивте со Бога“, им велел тој.

Уапсен српскиот учител по глума Мика Алексиќ кој силувал ученички од неговата школа

 

Scroll to Top