Ана Николиќ воодушевена од подарокот од свекрвата

Српската пејачка Ана Николиќ се пофали дека има најдобра свекрва. Таа објави фотографија на која се гледаат два приврзока – едниот со името „Ана“, вториот со името „Слаѓана“ и под неа напиша: „Мојата свекрва е најголем цар“. Едниот приврзок, секако, е за пејачката, а вториот нејзината свекрва Слаѓана си го купила за себе, за да имаат ист накит. Слаѓана е мајка на Раста, 11 години помладиот сопруг на Николиќ, со кого пејачката има едно дете.

 

Scroll to Top