Аца Лукас доаѓа во Гевгелија, на 10. јуни каде ќе пее во познат ноќен клуб. Гостувањето на Аца и овојпат предизвика голем интерес од публиката, па влезниците се распродале веднаш по најавата дека ќе пее во Гевгелија. На страницата на клубот каде ќе гостува, билетите се продавале во повеќе категории. Влезница на врата за 600 денари, Фан зона за 6.000 денари и ВИП зона за 8.000 денари. Има и билети по цени од 3.000, 4.000 и 5.000 денари.
За посетување, по само неколку отпеани песни во клуб во Охрид, на 30. декември, популарниот турбо фолк-пејач Аца Лукас го прекина настапот поради здравствени проблеми, а веќе следниот ден, се рати во форма. За српската емисија Премијера, тој тогаш раскажа дека дочекот на Новата го поминал работно во Белград, и дека со години наназад на новогодишната ноќ имал настапи.
На 2. јануари пак, Лукас повторно дојде во Македонија и настапи во клуб во Струмица. Иако јавноста реагираше за прекинатиот концерт, тоа не смени ништо.
Фото: Фејсбук