Чолиќ сака да сними дует со Дино Мерлин

Српскиот пејач Здравко Чолиќ во кариерата никогаш не снимил дует, но доколку најде одговарачка варијанта, вели дека можеби публиката ќе ја израдува со некоја заедничка песна до крајот на оваа година. Пејачот вели дека би сакал да сними дует со жена, но не ја отфрла можноста да пее и со Дино Мерлин.

„Мислам да направам дует на есен. Може да најдеме некоја песна и да ја отпеам во дует со жена. Тоа би можело да биде некој сингл меѓу албумите. Имам неколку идеи, па треба со луѓето од продукцијата сето тоа да го осмислиме како што треба. Обично дуетот се врзува со песна која има некаква порака. Продукциски треба да се направи за да има некоја смисла, затоа што ако нема смисла, дуетот не значи ништо. Би сакал тоа да биде некое женско, песната да е малку распеана. Сè зависи од песната. Кога ќе поставиш демо и имаш некој текст, потоа не е важно со кого ти ќе пееш. Така што името доаѓа како последна идеја“, вели Здравко.

„Би сакал да направам дует и со Дино Мерлин. Зошто да не? Но, први би сакал да снимам дует со жена. Машки-женски вокал ми е природен. Дино го сакам и почитувам. Имавме две прекрасни песни кои тој ми ги напиша. Ако имаме песна со убава порака, тоа би било одлично за нас. Сè  зависи од песната и пораките и текстот, кој треба нешто да говорат. Но, она што мене ми е прва идеја и поврзано е за некој однос меѓу маж и жена, некоја љубовна песна“, вели Чолиќ.

Пејачот ќе одржи концерт во Скопје на 15 јуни на стадионот „Тоше Проески“. На промоцијата тој најави дека неговиот следен спот сака да го сними во Македонија.

„Секогаш кога пеам во Македонија чувствувам посебна енергија, постои посебна поврзаност меѓу мене и публиката. Со нетрпение чекам да се сретнеме пак, сите на едно место. И додека сум тука, се договоривме мојот следен спот да го снимам во Македонија, но мислам дека тоа ќе се реализира по концертот во јуни“, рече Чолиќ со насмевка.

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ деновите го прослави својот 68. роденден. Неговите ќерките Уна и Лара, кои ретко се појавуваат во јавноста, објавија нивна заедничка слика и емотивна роденденска порака.

(Фото) Ќерките на Чолиќ го изненадија за роденденот

Scroll to Top