Една од учесничките во „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ вели дека била избркана од шоуто по наредба на Јелена Карлеуша, затоа што ја навредила на социјалните мрежи.
На Карлеуша, која е дел од жирито, не и се допадна настапот на Вања и тоа го кажа јавно во емисијата. Потоа следеа голем број навредливи коментари на сметка на пејачката, кои Вања ги објави на нејзиниот „Инстаграм“ профил. По објавата, таа била дисквалификувана.
„Драги луѓе, на барање на Јелена Карлеуша, продукцијата донесе одлука да бидам дисквалификувана затоа што наводно сум ја навредила на „Инстаграм“. Како прво, јас сум духовна личност и немам потреба никој да навредувам. Како второ, содржината на објавата не ја смислив јас, туку луѓе кои ме означија со желба да ми дадат поддршка по емисијата која се емитуваше во сабота. Тоа стори махинално го објавив како и секое друго, а не реагирав ниту на еден коментар за Јелена бидејќи тоа не ме засега. Јасно е како ден дека коментарот упатен кон мене не беше конструктивна критика туку индиректно психичко злоупотребување, а да не зборувам за објавите упатени кон мене и како наводно дека сум навредила некого. Меѓутоа, ни јас, ни моите родители не реагираа, иако имав причини за тоа. А зошто не реагирав? Јас во музичкото шоу дојдов да пеам, да се дружам и натпреварувам. Благодарна сум на се во животот, не го трошам времето на омраза, туку на љубов, мир и се водам по изреката: „Кој по тебе со камен, ти на него со леб“. На секоја ваша порака одговорив со задоволство и секогаш ќе одговорам на поддршката. Ви благодарам што го препознавте мојот талент, тоа ми е најважно. Народот се гледа, времето ќе покаже, така да се во животот прифаќам свесно и разумно. Сè во свое време. Овој пост не е напишам за да некој биде прозван, навреден туку да ставиме крај на ова агонија. Да шириме мир, љубов и слога“, напиша Вања.