(Фото) Вељко не се одвојува од свршеницата

Вељко Ражнатовиќ, синот на фолк пејачката Цеца, по победата во бокс мечот во Кончарево, ја однел својата вереничка Богдана Родиќ на летување во својата вила на Кипар.

Со тоа Вељко го исполни ветувањето што ѝ го дал пред неколку месеци. Двајцата уживаат во љубовта веќе некое време, поранешната кошаркарка од Тител му кажа да откако Вељко ја побара за сопруга пред неколку месеци.

Тој и неговата партнерка работат на принова, а најави и дека ќе ја води во вилата на мајка си на Кипар.

Вељко го исполни ветувањето и Богдана ја однесе во Аја Напа. Таму престојува целото негово семејство, мајката Цеца, тетката Лидија Оцокољиќ со децата и вујкото Милан Маринковиќ.

Вељко и поранешната кошаркарка одлично си поминуваат и секојдневно на социјалните мрежи постираат заеднички фотографии од плажа.

Ражнатовиќ неодамна објави и заедничка фотографија со Богдана, под која напиша емотивна порака.

„Секој човек не е човек. Човек си единствено кога си тој во очите на саканата жена“, напишал Вељко.

 

 

Scroll to Top