Во интервјуто што српската пејачка Гога Секулиќ го даде за српски „Телеграф“ открива зошто таа 15 години не разговара со својата колешка Јелена Карлеуша. Еден коментар бил доволен Гога и Јелена 15 години не си проговорат ниту еден збор. Но, по овие зборови на Гога, многу е извесно дека до помирување може многу лесно да дојде.
– Велат дека Божиќ е време на простување. Има една личност од естрадата со која не разговараш?
Јас во принцип со колегите сум во многу добри и коректни односи. Ние сите сме во некој метеж, брзаме, работиме. Со некои од нив ќе си разменам некои пораки, одам на слави. Да речеме тоа се Дара Бубамара, Ана Николиќ, има тука и неколку колеги, Бобан Рајовиќ и други. Се разбира, ќе разменам со нив 10-15 пораки кога се празници или нешто важно. А исто така се случува со некои од нив и да не разговарам. Јас тоа веќе и го заборавив, тоа беше пред 15 години. Но, велам дека големите луѓе простуваат. Кога некој би ми рекол: „Еј, Гоги, тоа беше, па помина“… Зошто да не се смириме?
– Кавгата меѓу тебе и Јелена Карлеуша е за ситница?
„Па тоа беше одамна. Мислам дека има повеќе од 15 години и во прашање беше оној лажен „Плејбој“. Тоа беше баш голем скандал што ги потресе Србија и Црна Гора, имаше дури и билборди во градот. Јас бев шокирана, а и моето семејство, мене тоа ми беше страшно! Сега сѐ е нормално, девојки и голи шетаат на улиците. Тој коментар на Карлеуша: „Тоа не е Гога, ова е подобра риба“, мене само ме повреди затоа што јас сум темпераментна. Јас реагирав и реков сѐ и сешто, изби медиумска војна што би се рекло“, вели Гоца Секулиќ.