И актерката Ива Илинчиќ проговори за траумите кои ги доживеала од професорот Мика Алексиќ: „Се срамев, бидејќи бев злоставувана“

By

По Милена Радуловиќ и актерката Ива Илинчиќ јавно проговори за траумите кои ги доживелаа додека работела со нејзиниот професор по глума Мика Алексиќ.

Деновиве на големо се зборува за скандалот кој ја потресе цела Србија и признанието на нејзината колешка, актерката Милена Радуловиќ, која го обвини угледниот професор дека ја силувал кога таа била малолетна.

По неа, сега со обвинение излезе и нејзината колешка Илинчиќ, која вели дека има многу девојки кои ги познава и кои ги доживеале истите трауми како и нив, но немаат храброст да излезат во јавноста и да зборуваат за тоа.

Илинчиќ вели дека за разлика од Милена, таа имала повеќе среќа и дека не била силувана, но постојано била сексуално вознемирувана од страна на професорот.

„Шест години молчев, негирав, не кажав на никого. Си велев дека тој ми е како татко и размислував дека е невозможно да ми се случува такво нешто. Си мислев дека тој сака да ме подготви за суровиот свет на режисерите и продуцентите“, раскажа Илинчиќ за медиумите.

Илинчиќ е убедена дека злоставувањата кои ги правел Алексиќ почнале многу пред неа и Милена. Таа вели дека познава девојки кои сè уште не се подготвени да излезат во јавност и да ја кажат нивната приказна.

За потсетување, по исповедта на Радуловиќ, Алексиќ е во притвор и против него се подготвува
обвинение.

Уапсен српскиот учител по глума Мика Алексиќ кој силувал ученички од неговата школа

Ќе ви се допадне

Sword Art Online: Progressive Movie - Hoshi Naki Yoru no Aria (https://animeplanet.cc/m/YAMj) Episode 2 Preview at AnimePlanet jojo anime planet

The Seven Deadly Sins: Revival of the Commandments (Dub) Episode 24 at KissAnime kimetsu no yaiba kissanime