Игор ја избриша фотографијата со Северина на „Инстаграм“

Игор Којиќ ја избриша заедничката фотографија со Северина, која подолго време му беше објавена на профилот на „Инстаграм“ и ги потврди шпекулациите дека двајцата не се во најдобри односи пишуваат хрватските медиуми. Тие пренесуваат дека Игор, нема објавено фотографии со Северина уште од минатата година.

Дода едни сметаат дека нивниот брак е во криза, други извори блиски до двојката тврдат дека двојката нема намера да се разведе. Тие велат дека Игор и понатаму ја следи само Северина на „Инстаграм“, а таа него. Исто така и останатите нивни заеднички фотографии сеуште можат да се видат на социјалните мрежи.

Шпекулацијата дека пејачката и нејзиниот сопруг се разведуваат, за брзо време се рашири низ српските медиуми, особено откако Северина си замина од Белград и се врати во Загреб, каде го прослави својот 48. роденден. Како што пренесува српскиот весник „Информер“, Северина и Игор се расправале околу базенот во куќата на Ќеба.

Пејачката побарала да го реновираат, а предложила и да се преуреди домот. Таа сакала да стават нови плочки во базенот и да го наполнат со морска вода. Таткото на Игор, Ќеба, не се согласил и побарал од син му да ја смири сопругата и да го намали нејзиниот список на желби.

Ќеба им објаснил дека поради пандемијата и кризата, имаат помалку пари и дека не се во можност да ги исполнат желбите на Северина. Пејачката се налутила и си заминала во својот дом во Загреб.

Други блиски извори до двојката тврдат дека Игор и Северина не се разведуваат. Тие велат дека двајцата и претходно имале бурни кавги. Еднаш во нивниот автомобил пред нивната зграда, а пред неколку години се скарале и околу роденденски подарок кој требало да го купат за нивни пријатели.

Извор/Информер/24sata.hr

Се скараа Северина и Игор, пејачката се вратила во Загреб

 

Scroll to Top