Онур ја оставил бремената сопруга поради Шехерезад, а таа да му се одмазди, го абортирала бебето

Турскиот глумец Халит Ергенџ, пред да ја запознае Бергузар Корел на снимањето на серијата „1001 ноќ“, бил оженет со глумицата Гизем Сојсалди. Гизем била бремена со нивното прво дете кога Халит ја оставил. Бидејќи не можела да го поднесе фактот дека тој е заљубен во друга, решила да му се одмазди и абортирала. За скандалот, турските медиуми пишувале и пред многу години, а приказната ја објавија и сега кога Халит и Бергузер го добија своето второ дете.

Во сторијата што ја објавија неодамна пишува дека 23-годишната Бергузар го запознала 12 години постариот колега Халит на снимањето на „1001 ноќ“. Љубовта меѓу Онур и Шехерезад, ликовите што ги глумеле, набргу се претворила во љубов во вистинскиот живот. Иако на почетокот негирале дека се заљубени, заминале на патување во Париз во 2008 година и девет месеци по запознавањето, почнале врска.

Халит поднел барање за развод од својата сопруга и по разводот, ѝ платил 250 илјади лири. Бергузар во меѓувреме ја прекинала долгата врска, без никакви поголеми проблеми.

Ѕвездите на „1001 ноќ“ се венчаа веднаш по завршувањето на серијата, а во 2010 го добија синот Али. Пред 4 месеци тие вторпат повторно станаа родители.

(Фото) Шехерезад се соблече за да покаже дека стриите и целулитот може да ги има секоја жена

Scroll to Top