Полицијата го откри идентитетот на напаѓачите на домот на Цеца

Српската полиција распиша потерница по Немања Арсеновиќ Арса (32) и Сенад Махмути (30), кои се осомничени  дека во неделата со автомобили удирале во куќата на фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ. Потерницата по нив е меѓународна, оти се сомневаат дека ќе се обидат да избегаат од земјата.

Медиумите во Србија пишуваат дека на Арсеновиќ му суделе за убиство на Дејан Дивиќ и ранување на неговиот брат Небојша на 14 декември 2006 година во близина на стадионот „Маракана”. Тој со првостепена пресуда бил осуден на десет години затвор, но со повторно судење бил ослободен од вината. Арсеновиќ во јануари 2017 година заедно со уште едно лице бил апсен во обид за убиство. Неговото досие е отворено кога имал 14 години. За шест години тој добил 14 кривични пријави за насилно однесување. Една од нив е за напад врз полицаец.

Според пријавата на Цеца во полиција, во неделата наутро тогаш непознати лица со три автомобили неизменично удирале во куќата на српската ѕвезда. Пејачката веднаш пријавила во полиција и рекла дека очекува итна реакција на полицијата. „Очекувам апсење во текот на денот. Полицијата ги има снимките. Ова е намерен вандалистички упад во приватен имот“, изјави тогаш пејачката за српските медиуми.

(Видео) Снимка од нападот на домот на Цеца

 

Scroll to Top