На професорот по глума, Мика Алексиќ, му е одреден притвор, откако српската актерка Милена Радуловиќ, го обвини за силување, пишува „Блиц“. Според нив, Вишиот суд во Белград донел таква одлука за Алексиќ да не може да влијае на сведоците, но и заради вознемиреноста во јавноста откако се дозна дека освен Радуловиќ, тој со години силувал и други девојки кои доаѓале во неговата школа за глума.
Милена Радуловиќ пред неколку дена раскажа дека Алексиќ ја силувал кога таа имала 17 години и дека тоа се случило неколку пати. По неа и други глумици открија дека Алексиќ ги злоставувал. Глумицата раскажала дека таа и неколку девојки, од кои некои биле малолетни, пријавиле во полиција дека ги силувал или сексуално вознемирувал Мирослав Мика Алексиќ, сопственик на училиште за глума. По овие пријави, Алексиќ беше уапсен, а приказната ја вознемири јавноста во регионот, не само во Србија.
Алексиќ е познат режисер, сценарист и учител по глума, кој во јавноста имал репутација на строг човек, но и професор кој знаел како да ги научи учениците на најдоброто во неговата професија.
Уапсен српскиот учител по глума Мика Алексиќ кој силувал ученички од неговата школа