Цеца: Вељко ќе биде хуманитарец како татко му Аркан

На социјалните мрежи се споделува фотографија на која наводно Цеца Ражнатовиќ изјавила за  српските медиуми дека нејзиниот син Вељко ќе станел голем хуманитарец како и неговиот татко Аркан.

Под скриншот некои велат дека  фолк-пејачката оваа изјава ја дала за српски „Курир“.  Сепак, по пребарувањето на „Гугл“, текст со ваква содржина не е пронајден, па некои велат дека твитерџиите се шегуваат со фолк-пејачката.

 

Извор близок до медиумите, пак, напоменува дека Цеца никогаш вакво нешто не изјавила и дека наверојатно станува збор за лага пласирана од страна на медиумите.

Scroll to Top