Уапсена српската пејачка Слаѓана Милошевиќ

Српската пејачка Слаѓана Милошевиќ е уапсена вчера. Таа од Белград  во време на полициски час отишла во Сремска Митровица за да го види некогашниот дечко, Игор С, кого пред еден месец го пријави за семејно насилство. Тој не сакал да комуницира со неа и ја пријавил во полиција. По сослушувањето, Милошевиќ е пуштена на слобода, а пресудата ќе ѝ биде доставена накнадно.

За потсетување, пејачката пред еден месец го пријави нејзиниот дечко за семејно насилство, откако тој почнал да ја удира и влече додека се расправале во нејзиниот дом во Белград.

Претепана српската пејачка Слаѓана Милошевиќ

Scroll to Top