(Видео) Анабела јавно се откажа од ќерка ѝ Луна

Српската пејачка Анабела Атијас јавно се откажа од својата ќерка Луна. Мајката и ќерката во моментов се натпреваруваат во реалното шоу „Задруга“, во кое се и Марко, дечкото на Луна и Гаги, поранешниот маж на Анабела, а татко на Луна.

„Јавно се откажувам од ќерка ми Луна! Нека слушнат сите! Ова е дефинитивно!“, рекла Анабела, откако се искарала со ќерка си и со нејзиното момче.

Во расправијата, Марко ѝ рекол на Анабела дека не може да се кара со Луна кога е тој присутен.

„Не можете да ми забранувате да го допрам моето дете, тоа е дете што јас го родив“, викала Анабела, а Марко ја нападнал, скокнал преку масата и се упати кон неа.

Инаку, Анабела, Гаги, Луна и Марко постојано се караат и навредуваат во шоуто. Неодамна тие среде караница фрлаа со шишиња едни на други.

(Видео) Летаа шишиња и пцовки: Анабела , Луна и Гаги направија хаос

Scroll to Top