(Видео) Богдан се всели во вилата на Цеца по десет месеци љубов

Дечкото на Цеца, Богдан Срејовиќ, се всели во вилата на фолк-ѕвездата по десет месеци љубов, пишуваат српските медиуми. Екипата на емисијата „Папарацо лов“ го следела Богдан седум дена го снимиле како секое утро излегува од вилата на Дедиње, а во текот на денот или навечер се враќал таму да преспие. Поради ова српските медиуми тврдат дека Цеца и нејзиниот дечко живеат заедно.

Според „Папарацо лов“, Богдан е во вилата на Цеца дури и кога пејачката не е таму.

За потсетување, Цеца и Богдан на почетокот на годината открија дека се во љубовна врска. Оттогаш се постојано заедно и често одат на патувања. Тие неодамна беа неколку дена на Кипар, каде што Цеца има куќа покрај море.

(Видео) Цеца иронична со новинарите откако ја прашаа дали сѐ во ред во љубовта со Богдан

Scroll to Top