ЃУТУРЕ

Илон Маск најави пробен лет со патници на Марс

Илон Маск,  главниот извршен директор на компанијата „Спејсикс“, по успешениот пробен лет на ракетата „Стархупер“, најави дека неговата компанија планира да го заврши прототипот „Старшип“, летало …

Илон Маск најави пробен лет со патници на Марс Прочитај повеќе »

Шпанецот што фрли фрижидер од карпа доби казна од 45 илјади евра и наредба со раце да го врати назат

Шпанецот кој се шегуваше дека рециклира додека фрлаше фрижидер од карпа, доби казна од 45.000 евра и наредба од шпанските власти да се симне и со помош на раце да го врати назад. Во видеото кое на „Твитер“ го објави локалната полиција се гледа како неидентификуван маж фрла фрижидер преку ограда на пат во клисура во Алмерија во југоисточниот дел на земјата и потоа се враќа во комбето. Во видеото од полицијата се гледа како двајцата мажи се мачат да го вратат назад фрижидерот. Според Си-ен-ен, се слуша како човекот во видеото на шпански јазик разговара со тој кој го снима видеото и вели „рециклирање, ајде да рециклираме“. Полицијата подоцна на „Твитер“ објави дека го пронашла човекот, и покрај казната му наредилe да се врати на местото, да го земе фрижидерот и прописно да го фрли. Портпаролот на полицијата изјави дека се чека одлука од судот дали ќе има обвиненија против човекот за „еколошки криминал“. Исто така, и компанијата за управување со отпад во која е вработено лицето ќе добие казна, бидејќи не успеале прописно да го складираат стариот фрижидер.

(Видео) Островите на Џејмс Бонд – убавина за која се раскажува

Во заливот Фанг Нга на Тајланд се наоѓа островот Као Пинг Кан, а 25 метри повисоко се наоѓа островот Ко Тапу. Овие островчиња заедно се познати како островите на Џејмс Бонд. Тие го добиле своето име во 1974 година, кога на нив се снимал филмот Tomorrow Never Dies од серијалот 007. Популарноста на филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд, во режија на Мајкл Ејптид, ги претворила овие дотогаш непознати острови во туристичка атракција. За жал, поради ѓубрето што го оставале зад себе туристите, властите биле принудени да ја зачуваат природата и убавината на островите, па од 1998 година пристапот на Ко Тапу е забранет.

(Фото) Започна снимањето на серијата „Зоки Поки“

Викендов во основното училиште „Петар Поп-Арсов“во Скопје, во населбата Карпош започна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на култното дело на писателката Оливера Николова. Продуцент на серијата е Роберт Насков, кој вели дека верува дека ова …

(Фото) Започна снимањето на серијата „Зоки Поки“ Прочитај повеќе »

(Видео) Јапонски изум против земјотреси: Куќа што „лебди“ над земјата 

Јапонски инженери изработија куќа што се поткрева, односно речиси лебди над земјата, во случај на земјотрес. Откако потресот ќе помине, основите на објектот повторно се спуштаат. Оваа технологија своите зачетоци ги имала уште минатото десетлетие, но дури по силниот земјотрес во 2011 година, конструкторите на компанијата „Ер даншин системс“ почнале со поконкретни зафати. Системот работи на начин што, и при најмал потрес, по сигнал од сензорите, специјалните балони кај темелите за неколку секунди се дуваат и ја поткреваат куќата нагоре. Кога потресот ќе заврши, куќата бавно се спушта во првобитната положба, во рамката што е прикрепена за земјата точно под рабовите на објектот. Во овој миг во Јапонија веќе се изградени над 100 вакви зданија.

Недела на големи попусти и до 60 рати без камата во „Нептун“

HAPPY WEEK акција во „Нептун“ со големи попусти и до 60 рати без камата на сите производи! Од 05-12 август, потрошувачите ќе може да купуваат по …

Недела на големи попусти и до 60 рати без камата во „Нептун“ Прочитај повеќе »

(Видео) Франки Запата првиот човек кој го прелета Ламанш

Французинот Франки Запата денес со „летечки борд“ flying board, го прелета Ламанш. Запата полетал од местото Сангат на северот на Франција и успеал за помалку …

(Видео) Франки Запата првиот човек кој го прелета Ламанш Прочитај повеќе »

(Видео) Избеганата принцеза од Дубаи бара од англискиот суд заштита од малтретирање и присилен брак со шеикот Мухамед

Сопругата на владетеот на Дубаи, јорданската принцеза Хаја побарала од англискиот суд заштита од малтретирање и присилен брак, пишуваат светските медиуми. Сопругата на шеикот Мухамед …

(Видео) Избеганата принцеза од Дубаи бара од англискиот суд заштита од малтретирање и присилен брак со шеикот Мухамед Прочитај повеќе »

Удобност и стил: 20 стајлинзи на ѕвездите со најмодерните патики

Денес удобните патики се дел од стајлингот на секоја модерна девојка. Ги носиме патиките не само како дел од спортскиот стајлинг туку и со фустани, здолништа …

Удобност и стил: 20 стајлинзи на ѕвездите со најмодерните патики Прочитај повеќе »

Грешки во допишувањето кои може да се покажат како фатални

Заведувањето одамна е преселено на социјалните мрежи и апликациите за запознавање на потенцијалните партнери. Тоа што отсекогаш било комплицирано и бара малку љубовна умешност… Денес …

Грешки во допишувањето кои може да се покажат како фатални Прочитај повеќе »

Трамп удри по Кина – САД воведува царини за кинескиот „Ајфон“

Американскиот претседател Доналд Трамп од 1. сепмтеври ќе воведе нови царини од десет проценти на производи од Кина, вредни околу 300 милијарди долари. На списокот …

Трамп удри по Кина – САД воведува царини за кинескиот „Ајфон“ Прочитај повеќе »

Scroll to Top