Американските медиуми објавија папарацо фотки од холивудска актерка Мила Кунис на кои таа е без шминка, облечена во широк џемпер и со коса врзана во опавче. Сликите направени на улица во Лос Анџелес предизвикаа поделени мислења. Некои велат дека Кунис и без шминка е убава и природна, а други, пак, искоментираа дека без шминка и фризура е неугледна, па дека не би ја познале на улица.
Популарната глумица, која е мажена за актерот Ештон Кучер, во моментов е актуелна со филмот „Шпионот што ме откачи“.