Аријана Гранде е првата жена која на „Инстаграм“ ја следат 200 милиони фанови

Пејачката Аријана Гранде стана првата жена која на „Инстаграм“ ја следат 200 милиони фанови. Таа доби честитки од нејзините пријатели и колеги.

„И честитам на мојата пријателка Аријана Гранде за нејзините 200 милиони фанови на „Инстаграм“. Ти си кралица, понеси ја таа круна“, и напиша Лејди Гага со која заедно ја снимија песната Rain On Me. Лејди Гага на „Инстаграм“, ја следат 43 милиони фанови.

„Инстаграм“ во последните години стана социјална мрежа која влијае на популарноста на светските фаци. Светските медиуми пишуваат дека Гранде сега има причина за славје, откако го сруши рекордот на оваа мрежа.

Веднаш зад Гранде, според бројот на пријатели на „Инстаграм“, се наоѓа Кајли Џенер со 193 милиони, а Селена Гомез е трета со 191 милион фанови.

Што се однесува до листата кај мажите, прв по бројот на фанови се наоѓа Кристијано Роналдо, кој собра 200 милиони пријатели. Тој оваа бројка ја достигна во јануари годинава, а во моментов го следат повеќе од 237 милиони обожаватели.

Scroll to Top