Џон Траволта се потсети на син му: Тој ми беше сè

By

Глумецо Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон посветија емотивна објава на нивниот покоен син Џет, кој оваа недела требаше да го прослави 28. роденден.

„Среќен роденден Џети. Те сакаме“, напиша Џон на црно-белата фотографија од синот.

Џет почина 2009 година на 16 годишна возраст. Тој почина за време на семејното патување на Бахамите. Имал напад во кадата и ја удрил главата. Еден од персоналот го пронашол како лежи во кадата без свест. Џет веднаш бил пренесен со итна помош во блиската болница, каде само можеле да ја констатираат неговата смрт.

Џет имал напади откако се родил. Тој бил аутистичен, имал епилепсија и Кавасаки синдром. Аутопсијата никогаш не била направена, а Троволта ја тужел болничарката Тарина Лигхтборнеа, тврдејќи дека од него барала пари за да не зборува за тоа што го видела на местото на несреќата.

Таа објаснила дека докторот на Џет, кој живеел во близина му давал вештачко дишење. Кога ги прашал родителите кога Џет паднал, тие му одговориле дека целиот настан се случил пред неколку минути, иако Тарина тврдела дека крвта околу ушите на Џет веќе била згрутчена, а телото му било во состојба на вкочанетост.

Причината за смртта на синот на Траволта никогаш не беше позната. Глумецот подоцна изјавил дка смртта на неговиот син е нешто најлошото што му се случило во животот.

„Ми донесе многу радост. Тој ми беше сè. Тие 16 години колку што бев негов татко ме научи безусловно да сакам“, изјавил Траволта во едно од своите интервјуа.

 

 

 

Ќе ви се допадне

AniWatch aniwatch.me: Attack on Titan Season 2 (Dub) (https://aniwatch.pro/m/zQNM) Episode 12

WCOStream wcostream amazing world of gumball: Watch DARLING in the FRANXX Episode 12 (https://wcostream.cc/m/PG6a/ep-12)