(Фото) Џенифер Анистон има двојничка

Американката Кетлин е двојничката на популарната глумица Џенифер Анистон. Колку тие две си личат, покажуваат и фотографиите што ги објавила фризерката на Кејтлин сè со цел да го промовира нејзинот нов изглед.

Во Холивуд не е ретка појава многу познати и славни линчости да имаат свои двојници, особено лица за кои никогаш не слушнале ниту, пак ги виделе, а се неверојатно слични. Таква судбина има и глумицата Џенифер Анистон, која неверојатно си лични со Кејтлин.

Единствено по што се разликуваат двете е бојата на косата. Аzra.ba пренесува дека целата работа почнала од објавените фотографии на Кејтлин, кои ги објавила нејзината фризерка. Луѓето веднаш почнале да забележуваат дека оваа девојка неверојатно личи на глумицата од „Пријатели“.

„Убеден сум дека оваа жена е во родова врска со Џенифер Анистон. Рејчел, дали ова си ти?“, биле само некои од коментарите на зачудените нејзини пријатели.

Иако изгледаат неверојатно слично, сепак и двете водат поинаков начин на живеење. Џенифер жари и пали низ Холивуд, а Кејтлин е мајка со полно работно време. На нејзините профили на социјалните мрежи може да се видат фотографии од неа со децата и семејството.

Scroll to Top