(Фото) Џош Бролин чека бебе со 20 години помладата сопруга

Холивудскиот глумец Џош Бролин и неговата 20 години помлада сопруга Кетрин вторпат ќе станат родители. Тие на социјалните мрежи објавија дека Кетрин е бремена.

„Нашето семејство расте. На пат е второто бебе, го чекаме во декември“, напиша Кетрин на „Инстаграм“ покрај фотографијата на која позира со малата ќерка.

Двојката е во брак од 2016 година, а се запознале кога Кетрин работела како асистентка на Џош. Тие веќе ја имаат ќерката Вестлин.

Ова му е трет брак на глумецот, кој претходно беше оженет со Алис Адер, со која ги има 32-годишниот син Тревор и 26-годишната ќерка Идн. Потоа беше во брак со глумицата Дајана Лејн, со која нема деца.

Scroll to Top