(Фото) Дрејк купува скапи „Биркин“ чанти за идната сопруга

Раперот Дрејк во интервју пред три години откри дека долго време купува чанти „Биркин“, кои ќе ѝ ги подари на неговата идна сопруга. Тој за чантите од крокодилска кожа, кои се изтработуваат рачно, плаќал од 40.000 до 500.000 долари.

Иако не се знае точната бројка на купени чанти, се претпоставува дека еден од најбогатите музичари во Америка има околу 30 вакви чанти. Дел од нив можат да се видат во новиот број на списанието „Архитекчурал дајџест“, бидејќи тие го сликаа станот на Дрејк во Торонто, Канада. Во плакарот на два ката, кој е изработен од мермер, аметист, кристали и има мебел тапациран со дијаманти, се гледа и дел од неговата колекција „Биркин“ чанти.

„Дрејк живее во огромeн луксуз. Чантите, пак, чинат повеќе од просечен автомобил. Со овие луксузни чанти иднината на г-ѓа Дрејк е загарантирана. Сега се што треба да направи е да ја најде“, стои во кометарот на магазинот.

Дрејк, кој во минатото беше во врска со Серена Вилијамс, Ријана, Кајли Џенер, во моментов се гледа со моделот на „Викторијас сикрет“, Иман Хамам.

Scroll to Top