(Фото) Флавио Бриаторе во нова врска со 24 годишeн топ модел

Италијанскиот милионер и поранешен шеф на тимот „Рено“ во Формула 1, Флавио Бриаторе, повторно се заљуби во трипати помлада девојка од него, супермоделот Марија Лудовицо.

Двојката се запозна за време на вечерата во летувалиштето Порто Церво на северот од Сардинија. Оттогаш медиумите пишуваат дека се нераздделни.

Најголем дел од времето тие го поминуваат на луксузната јахта на Бријаторе. Италијанскиот милионер е познат по своите врски со помлади девојки. Сега вели дека тоа било љубов на прв поглед. Мариа завршила школо за моден дизајн во Милано.

Таа покренала и свој бренд за костими за капење. Сега е на студии за мода во Милано. На „Инстаграм“ најмногу ги привлекува фановите со разголени фотографии. Има преку 35.000 фанови. Пред неа, Бриаторе беше во врска со 30 годишната студентка по право Бенедета Боси.

Неа ја запозна на модна ревија во Милано, но нивната љубов не траеше долго. Овој мултимилионер во минатото беше во врска и со моделот Наоми Кембел, Хајди Клум, а едно време беше во брак и со манекенката Елизабета Грегораци, со која се разведе во 2018 година.

Scroll to Top