(Фото) Победникот на Евровизија стана татко

Манс Зилмерлоу, победникот на Евровизија, стана татко. Тој на својот инстаграм-профил пред неколку дена објави фотографија со својата сопруга Киара Јонсон и синот, сликана веднаш по раѓањето на бебето.

„Добре дојде на овој свет, ти мал совршен суперхерој. Евровизија 2038 очекувај нѐ“, напиша Зилмерлоу.

Ова е прво дете на Манс, а второ на Киара, која има син од претходниот брак.

Зилмерлоу на Евровизија победи 2015 година со песната Heroes, а следната година беше водител на големото музичко натпреварување.

Scroll to Top