Проѕирниот фустан кој Војвотката Кејт Мидлтон го носела кога се запознала со принцот Вилијам е продаден на аукција за цена од 78.000 фунти. Фустанот кој го дизајнирала Шарлот Тод, на почетокот чинел само 30 фунти.
Вилијам и Кејт се запознале на студентска модна ревија во 2002 година, а колеги на војвотката велат дека принцот кога ја видел во фустанот се заљубил на прв поглед.
„Добро се сеќавам на таа вечер. Кејт не беше девојка подготвена за ризици. Беше многу конзервативна во однесувањето. Тогаш излезе на сцената во тој фустан и сите помислија дка изгледа сјајно. И Вилијам се заљуби и во неа и во фустанот“, изјавил колега на Кејт, од студентските денови за „Си-Ен-Ен“.
„Ако е вистина дека мојата креација била причина за Вилијам се заљуби во Кејт, тогаш ми е многу драго“, изјавила дизајнерката.