Моника Белучи (55) отсекогаш е инспирација за дамите и на која било возраст не стивнува интересот за неа.
Магазинот Paris Match ја повика повторно да биде на неговите страници, а новата фотосесија е со Жил Бенсимон.
Актерката изгледа заводливо на фотографиите, а она за што се зборува ден потоа е нејзината нова фризура.
Откако ја скрати долгата коса, сега се одлучи за апсолутниот хит меѓу фризурите – степенест боб, кој е чест избор на жените од разни генерации.