(Фото) Шон Пен тајно се ожени со 31-година помлада глумица

Холивудскиот глумец Шон Пен (59) се ожени со австралиско-американската актерка Лејла Џорџ (28) на приватна церемонија.

Јавноста дозна за венчавката откако нивна пријателка им честиташе на Инстаграм, објавувајќи слика од нивните бурми со порака: „Вие сте судени еден на друг“.

Оскаровецот претходно беше оженет два пати. Тој беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 година, па со актерката Робин Рајт од 1996 до 2010 година. Со неа има две деца.

 

Scroll to Top