Холивудскиот актер Силвестер Сталоне се пофали дека го купил најбараниот автомобил во Америка. Тој објави фотографија од него со најновата генерација на „Корвета Ц8“, возило за кое во САД е тешко да се набави, поради големиот интерес за него.
Сталоне најде ваков автомобил во салон во Тенеси, од каде му бил донесен во Флорида. Од компанијата велат дека се пресреќни што го имаат Сталоне за свој клиент и што актерот се одлучил од нив да го купи популарниот автомобил.
„Многу сме горди и почестени што можеме да кажеме дека Силвестер Сталоне стана наш клиент. Му продадовме нов C8 Corvette! Сопственикот на салонот, Бо Тривет, и неговата сопруга Џенифер му го врачија прекрасниот автомобил. Ти благодариме на купувањето, Слај“, објавија на Facebook.