(Фото) Жерар Депардје се крштеваше во црква во Париз

Францускиот глумец Жерар Депардје премина во православие, пишуваат светските медиуми. Тој се крштеваше во петокот, на 4. септември, за време на свечената цероманија одржана во руската црква Александар Невски во Париз. Крштевката се случила во присуство на триесетина луѓе.

Глумецот од 2013 година доби руско државјанство. Тој изјави дека и понатаму ја сака својата земја, но не може да негира дека животот во Франција станува сè полош за живеење.

Славниот актер ја напушти татковината откако социјалистичката влада на екс претседателот Франсоа Оланд наметна зголемени даноци за богатите компании и поединци.

Токму затоа тој повеќепати во минатото изјави дека повеќе не се смета за Французин, а во една прилика за за италијанскиот дневен весник „Кориере“ изјави дека оваа земја се претворила во „Дизниленд за странци“.

Scroll to Top