(Фото) Ѕвездата на „Однесено со виорот“ на 104 години вози велосипед

Глумицата Оливија де Хавиленд, која пред неколку дена наполни 104 години, не се откажува од возењето велосипед. Ѕвездата на „Однесено со виорот“, која го глумеше ликот на Мелани Вилкс, вели дека возењето велосипед ѝ е омилената забавува откога знае за себе.

„Возам велосипед повеќе од 90 години и нема да престанам дури сум жива. Некогаш тоа беа велосипеди на две тркала, денес имаат три, ама и понатаму е забавно“, рекла таа за „Холивуд репортер“ пред роденденот.

Познатата глумица престана да снима пред многу години. Со Ерол Флин глумеше во осум филмови, играше главни улоги во „Наследничка“, „Змиско легло“, а во „Темно огледало“ глумеше два лика. Освои и два Оскари во кариерата.

Scroll to Top