(Галерија) Џон Бон Џови купи куќа на океан, славниот рокер ужива во раскош и гламур

Славниот рокер Џон Бон Џови се пофали со новата куќа покрај океан во Палм Бич. Пејачот ја продаде старата куќа, која се наоѓа во близина на новата, за 20 милиони долари, а додаде дополнителни 23 за уредување на новиот дом.

Фронтменот на групата „Бон Џови“ секојдневно ужива во раскош и гламур. Неговата вила има неверојатен поглед кон океанот. Во неа има седум спални соби и исто толкав број бањи. Внатре има преубава трпезарија, голема и средена кујна, соба за тренинг, лифт, како и вински подрум со контролирана температура.

Надвор се наоѓаат две чардака со поглед на океанот, а има и базен. Негови соседи се познатиот радио водител Хауард Стерн, инаку негов добар пријател.

Бон Џови има успешна кариера, која трае речиси четири децении. Во тој период пејачот заработи многу пари, а добар дел од нив потроши на уредување на вилат во Палм Бич, вредна 43 милиони долари.

Scroll to Top