Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денес се ожени со својата долгогодишна девојка Марија Франциско Перело – Циска. Сите шпански и светски медиуми, ја следеа денешната венчавка на луксузниот имот Форталезе во градот Поленсе на Мајорка. Младенците ги сокрија деталите од забавата, но сепак некои од папараците успеаа да направат фотографии од дочекот на некои од гостите.
Со миниавтобуси и автобуси пристигнуваа гости од целиот свет. Околу петстотини гости пристигнаа во миниавтобуси и автобуси кои беа специјално ангажирани за нив. На секое седиште, гостите наоѓаа картички со порака од Рафаел и Марија.
„Сакаме само да ве потсетиме дека би сакале да уживате во нашата венчавка, која сакаме да остане во најголема приватност. Кога ќе стигнете ќе најдете плакарче во кое ќе можете да ги оставите вашите мобилни телефони. Ви благодариме многу. Марија Франсиска и Рафаел“, пишува во пораките на младенците.
Како што и претходно пишуваа медиумите, Марија и Надал закупиле цел комплекс, кој поседува огромна тревна површина, базени, приватни соби, како и хелиодром, место за слетување на хеликоптер.
Од светскиот џет сет дојдоа фудбалерот на Јувентус, Португалецот Кристијано Роналдо, шпанскиот кошаркар Пол Гасол, пејачот Енрике Иглесиас и други. Интересно поради поради обврски неговите тениски колеги Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер не присуствуваа на забавата.
Ѓоковиќ и Федерер нема да присуствуваат на венчавката на Надал