Глумецот Том Холанд одгледува пилиња оти во супермаркетите нема јајца

Актерот Том Холанд, кој глуми „Спајдермен“ во последните филмови за суперхеројот на „Марвел“, на својот инстаграм-профил се пожали дека во супермаркетите нема јајца среде пандемијата на коронавирус. Затоа 23-годишниот глумец решил да чува неколку пилиња за да станат „извор на јајца“.

„Со сè што се случува, рафтовите се празни. Нема јајца. Ние треба да го решиме тој проблем, ќе станеме изворот на јајца. Сега, ние сме сопственици на кокошки“, вели тој во видеото, а под раката држи кокошка.

Неговата идеја за јајца ги заинтересира корисниците на социјалните медиуми кои не можеа да престанат да коментираат за неговата живина и за имињата на некои од пилињата – Предатор, Ренџер и Честнат.

„Том Холанд е единствената позната личност чиешто искуство во карантин е корисно затоа што тој посвои живо пиле, и го нарече предатор, ова е добар пример за сите нас“, стои во коментарите.

Scroll to Top