Хаселхоф и Хајли сакаат секоја година да ги обновуваат заветите

Актерот Дејвид Хаселхоф (66) во јуни ги повторија заветите со манекенката и асистентка за продажба Хајли Робертс (39). Ѕвездата од серијата „Baywatch“ направи интимна церемонија во Апулија во Италија. Двојката вели дека една венчавка нема да им биде доволна.

„Сакам да бидам оженет со Хајли. Мислам дека најдобрата работа која можеме да ја направиме е да имаме уште една венчавка. Сакаме да ги обновите заветите секоја година на истото место“, истакна Хаселхоф за ОК магазинот.

Неговата сопруга Хајли се согласува и открива дека секој ден ја гледа снимката од нивната церемонија која ја имале во Италија.

„Венчавката ми помина многу брзо. Сакам да се повтори“, изјавила Хејли.

Сопружниците заминале на меден месец на Малдивите и се пофалија дека уживале во неверојатниот рај. Се сместиле во хотел на еден од најмалите острови каде немало многу луѓе. Велат дека им годела приватноста.

„Луѓето не не малтретираа. Убаво е да имаш приватност со својата сопруга“, изјавил Хаселхоф. Додал и дека уживале лежејќи под палмите, a персоналот од хотелот им носел убави јадења и им ја исполнувал секоја желба.

„Барав кокосови лушпи за да можам да ги поносам со мене“, изјавил актерот.

Хаселхоф и Хајли се запознале пред седум години додека актерот бил во жирито во шоуто „Britain’s Got Talent“. Во мај 2016 година на пикник во Малибу ја побарал за жена.

Scroll to Top