Пејачката Кети Пери (34) наводно очекува бебе со својот долгогодишен партнер и вереник, актерот Орландо Блум (42).
Американските таблоиди пишуваат дека Кети во неделата била видена со проширен фустан и поголем стомак, кога била со Блум на романтична вечера во ресторан, кој се наоѓа во близина на нивното место на живеење.
Репортерите велат дека ја забележале пејачката како наздравува два пати со својот партнер, но наместо вина пиела вода. Нејзиниот портпарол во јавноста изјави дека нема намера да го коментира нејзиниот приватен живот.
Тој ниту ги демантирал ниту ги потврдил гласините, нешто по кое американските таблоиди уште повеќе се сомневаат во тоа дека пејачката е бремена.