Мајката на Мараја Кери ја нудела за секс десетгодишната ќерка

Постарата сестра на славната пејачка Мери Кери, Алисон, поднела тужба против нивната мајка за наводна сексуална злоупотреба.

Како што пренесува „The Sun“, Алисон тврди дека нејзината мајка ја принудувала да има сексуални акти со непознати мажи кога имала само 10 години, како и дека ја принудила да присуствува на сатански ритуали.

„Обвинетата, која воедно е и мајка на оштетената странка, е обвинета за охрабрување на машки лица, чиј идентитет е непознат, да имаат сексуален чин со оштетената странка, која во тоа време има десет години. Исто така, таа била принудена да присуствува на сексуалните односи меѓу возрасни, а честопати и деца за време на сатанските ритуали, кои вклучувале жртвување. Како резултат, на жртвата и беше дијагностицирано посттрауматско стресно нарушување, анорексија и депресија. Во обид да ги потисне спомените за непријатните настани, повредената страна користела легални и нелегални супстанци, заедно со стручна помош. Повредената страна бара паричен надоместок за неописливата психолошка болка, како и намерно нанесување сериозен емоционален стрес“, се наведува во обвинението.

Scroll to Top