Легендарната кошаркарска НБА ѕвезда Мајкл Џефри Џордан го коментираше новиот документарец кој ќе излезе за него и вели дека луѓето кога ќе го погледнат ќе помислат дека станува збор за одвратен човек.
Тој вели дека не е сигурен дека луѓето во документарецот ќе разберат зошто се однесувал така како што се однесувал со другите, зошто им говорел работи на соиграчите кои не смеел да им ги зборува.
„Кога ќе го погледнат документарецот луѓето ќе си помислат дека сум одвратен тип“, вели Мајкл Џордан, за The Athletic.
Во ноќта меѓу понеделникот и вторникот ќе се емтиува првата од десетте епизоди од серијата The Last Dance, „Последниот танц“, а станува збор за документарец направен за шестатат титула која во 1998 година, ја освои Мајкл Џордан со неговиот тим „Чикаго Булс“.
„ЕСПН“ сезоната ја сними со преку 10 илјади часови материјали. Земени се моменти од Џордан, Пипен, Родман и Кукоч. Во нивниот последен шампионски танц. Камерата го снимила секој чекор на Џордан кој претставува како абнормално, болесно компетитивен.
Tаа 1997/98 Мајкл Џордан имаше еден соиграч за кој никој не знаеше од каков материјал е изработен.
„Кога ќе видите како го третирав Скот Бурел, ќе мислите дека сум ужасна личност. Но, мора да сватите дека нас таа година не чекаа во плејофот „Њујорк Никс“, „Индијана Пејсерс“, „Мајами Хит“. Морав да знам со кого ќе идам на тие натпревари, дали човекот е доволно цврст, може ли да сметам на него кога ќе стане сериозна ситуацијата, кога титулата ќе биде во прашање. Затоа на тренинзите се однесував онака како што луѓето ќе видат во документарецот“, изјавил Џордан.
„Ако му дозволите, ќе ве јава до Месечината и назад“, изјавил еднаш Хорас Грант објаснувајќи ја опсесивната потреба на Џордан за победa, која како животински нагон го терала и него и сите околу него да ги турка до крајните физички граници и ментална и емотивна издржливост.
Светот ниту пред ниту потоа не виде чудо како што беше Мајкл Џефри Џордан. Најголемиот засекогаш. За сите времиња. Убавите дискусии на оваа тема ги имаше и ќе ги има, не само за тоа дали тој е најголемиот кошаркар, туку и можеби најдобриот спортист во историјата.
Мајкл Џордан има освоено шест НБА финалиња, шест НБА титули. МВП трофеј во секое од тие шест финалиња. Секоја од тие финални серии беше негова.
Бил Расел има освоено повеќе, Карим Абдул Џабар има забиено повеќе, Леброн Џејмс е поголема мрша од него, Вилт Чемберлејн изгледаше како професионалец меѓу студентите, Меџик Џонсон можеше да игра на сите пет позиции, Коби Брајант беше најсличниот на оној кој може да лета. И сите овие се легитимни конкуренти.