Ники Минаж ќе стане мајка

Раперката Ники Минаж е бремена. Таа на Инстаграм откри дека ќе стане мајка, откако неколку пати во изминативе месеци најави дека сака да направи пауза во кариерата за да се посвети на семејството. Ники им се заблагодари и на фановите за убавите желби поврзани со мајчинството.

Ова ќе биде прво дете на Ники со сопругот Кенет Пети со кого се омажи во октомври 2019 година. Тие беа во врска една година пред да се венчаат. Но, свадбата на Ники со Кенет предизвика бурни реакции во јавноста оти тој е осудуван сексуален престапник.

„Јас само сакам да сум среќна, а Кенет ме прави среќна“, рече таа брзо по свадбата.

Scroll to Top