Основачот на „Твитер“ донираше една милијарда долари во борбата против короната

By

Основачот и извршен директор на „Твитер“, Џек Дорси, објави дека ќе донира една милијарда долари во светската борба за справување со коронавирусот. Тоа е најголемата поединечна донација за оваа цел досега. Според Дорси, сумата изнесува 28% од неговото вкупно богатство.

„Откако ќе ја победиме пандемијата на Ковид-19, фондовите ќе бидат пренаменети за други универзални цели“, напиша тој на „Твитер“.

За да биде сѐ транспарентно, Дорси кажа дека сите негови и други донации ќе можат јавно да се следат преку Google Sheet.

И други технолошки милијардери имаат донирано за борбата против пандемијата, но во многу помали суми: Бил Гејтс, Мајкл Дел и Џеф Безос дадоа по 100 милиони, а Марк Закерберг 30 милиони долари.

Паричен придонес иво борбата против пандемијата дадоа и голем број славни личности, како Леонел Меси, Кристијано Роналдо, Пинк, Ријана, Доли Партон, Џастин Тимберлејк и Опра Винфри. Низа светски познати компании и модни брендови се вклучија во борбата со болеста така што произведуваат и донираат заштитни маски, респиратори и дезинфициенси.

Ќе ви се допадне

Watch Hunter x Hunter Episode 116 (https://animeplanet.cc/m/oWm/ep-116) at website https://animeplanet.cc bleach dubbed anime planet

Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 13 (https://gogoanime.be/m/vD66/ep-13) at website https://gogoanime.be gogoanime my hero academia