Почина Алан Паркер, режисерот на „Евита“

Британскиот режисер Алан Паркер, кој ги режираше филмовите „Полноќен експрес“ и „Евита“, почина по долго боледување на 76 години.

Роден во 1944 во Лондон, Паркер направил пробив во Холивуд со својот прв филм „Багзи Малоун“ од 1976, за две години подоцна да го сними своето најпознато дело „Полноќен експрес“. Биографската драма за американски студент кој е фатен со дрога во Турција освои два оскара од шесте номинации, вклучувајќи го и оскарот за Паркер. Тој ја доби втората номинација за оскар во 1989 година како режисер на „Мисисипи во пламен“. Добитник е и на наградата БАФТА, а неговите филмови имаат освоено и неколку златни глобуси.

Неговиот последен филм беше „Животот на Дејвид Гејл“ од 2003 година.

Scroll to Top