Почина Фетс Домино, легендата на рокенролот

Познатиот американски пејач Фетс Домино, кој го паметиме по хитовите „Блубери хил“ и „Нели е тоа срамота“, (Blueberry Hill и Ain’t That a Shame) почина на 89-годишна возраст.

Оваа информација ја потврди и ќерка му Карен Домино Вајт, која во едно интервју изјави дека починал мирно, опкружен со своето семејство и пријателите.

Домино стана популарен во 50-тите години од минатиот век. Неговите најголеми хитови се Blueberry Hill i Ain’t That a Shame.

Пет од неговите сингла, кои биле издадени пред 1955 година, се продадени во над милион копии и се сертифицирани како златни плочи.

Тој израснал во Њу Орлеанс, а неговиот музички стил се базирал на традиционалниот РнБ.

Освен тоа, важи за пионер на рокенролот. Во 1986 година примен е во Рокенрол-куќата на славните, а во 1987 е награден со награда за животно дело „Греми“.

Во 1948 година се оженил со Розмери Домино, а со неа има 13 деца.

Ова се некои од неговите хитови:

Scroll to Top