Почина легендарниот американски телевизиски водител Регис Филбин

By

Легендарниот американски телевизиски новинар Регис Филбин почина на 89 годишна возраст, пишува магазинот People. Тој ја водеше и првата сезона на реалното шоу „Америка бара ѕвезда“, а во периодот од 1999 до 2002 година го водеше популарното шоу „Кој сака да биде милионер?“.

„Со тешко срце и голема тага ја споделуваме веста за смртта на Регис Филбин. Тој почина од природна смрт, само еден месец пред неговиот 89. роденден“, потврдиле од неговото семејство.

Тие велат дека тој засекогаш ќе остане запаметен меѓу семејството и пријателите, како човек кој што умеел да ги насмее. Велат дека засекогаш ќе му бидат благодарни за времето кое го поминал со нив. Никогаш нема да ја заборават неговата топлина и смисла за хумор.

Семејството замоли и за приватност во овие тешки моменти. Потсетија и дека легендарниот Регис влезе во Гинесовата книга на рекорди, како човек кој поминал најмногу часови на телевизија.

 

Ќе ви се допадне

Watch One Piece Episode 761 (https://crunchyrollfree.com/m/Nm7/ep-761) at website https://crunchyrollfree.com. See more high speed free starting days crunchyroll

Watch Attack on Titan: Since That Day Episode Full (https://animeflix.nl/m/xEnD/ep-1) at ANIMEFLIX animeflix aot