Почина Оливија де Хавиленд неколку дена по 104 роденден

Ѕвездата на „Однесено со виорот“ која го глумеше ликот на Мелани Вилкс, глумицата Оливија де Хавиленд почина на 104 годишна возраст. Нејзиното семејство ја потврди трагичната вест, објаснувајќи дека Оливија починала од природна смрт.

Оливија е родена во 1916 година во Токио. Има глумено во голем број филмови и беше добитник на голем број награди. Таа го освои Златниот глобус во 1986 година, за глумата во The Mystery of Anna.  Со Ерол Флин глумеше во осум филмови, играше главни улоги во „Наследничка“, „Змиско легло“, а во „Темно огледало“ глумеше два лика. Освои и два Оскари во кариерата.

Оливија исто така беше дел од историскиот судски случај што го промени Холивуд. Имаше поднесено тужба против компанијата „Варнер Брос“, во врска со нејзиниот договор.

Судскиот процес заврши во нејзина корист и истиот имаше значајна улога во намалувањето на моќта на студиото и проширување на креативната слобода на изведувачите.

Оливија пред неколку дена го прослави својот 104 роденден, а беше снимена како вози велоспед. Таа изјави дека возењето велосипед ѝ е омилената забавува откога знае за себе.

„Возам велосипед повеќе од 90 години и нема да престанам дури сум жива. Некогаш тоа беа велосипеди на две тркала, денес имаат три, ама и понатаму е забавно“, рекла таа за „Холивуд репортер“ пред роденденот.

(Фото) Ѕвездата на „Однесено со виорот“ на 104 години вози велосипед

Scroll to Top